Со квалитетен бокс и агресивен пристап по нокдаунот, Фјури успеа да победи со одлука, но исходот можеби ќе беше поинаков доколку судиите му дадоа негативен бод на Фјури поради нелегален удар
Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (35, 34-0-1) доби поделена одлука во „кросовер“ мечот против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану (37, 0-1).
Иако Фјури победи на крајот, Нгану ја воодушеви публиката со многу добри боксерски перформанси и покрај неговото деби во спортот. Да потсетиме, Нгану е мајстор за мешани боречки вештини, а за прв пат се најде во боксерски ринг. И какво деби имаше.
Тој излезе лице в лице со најдобриот боксер на светот Фјури, со кој многу боксери се двоумат да се борат. Сепак, Камерунецот не се плашеше, па пружи голема борба, која ја круниса со одлична кука во третата рунда, која го собори на подот Фјури. На „Циганскиот крал“ не му требаше многу време да застане на нозе, но неговото лице покажа шокираност.
Сепак, со квалитетен бокс и поагресивен пристап, Фјури успеа да победи со судиска одлука (95-94 Нгану, 96-93 Фјури, 95-94 Фјури).
Сепак, исходот можеби ќе беше поинаков доколку судиите му дадоа негативен бод на Фјури за недозволен удар врз борецот на УФЦ. Имено, Фјури во еден момент од натпреварот го удри противникот со чист лакт во главата.
CR7 AND TYSON FURY WITH AN ELBOW? #furyvsngannou #furyvsngannou pic.twitter.com/9xNpsvPEa1
— ¥$ – Follow @DeadleyAlli (@DeadleyAlli) October 28, 2023