Омилениот актер Метју Пери , кој на пошироката јавност и стана познат со улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, која воодушеви милиони луѓе, во раните утрински часови во неделата бше пронајден мртов во џакузито на неговата резиденција во Лос Анџелес.

Актерот имал проблеми со менталното здравје бидејќи му било дијагностицирано депресивно растројство. Полицијата во моментот на неговата смрт во неговиот дом пронашла лекови на рецепт, како што се антидепресиви и апчиња против анксиозност – но не и нелегални лекови, пишува Дејли мејл.

Исто така, во неговиот дом во Лос Анџелес е пронајден лек на рецепт за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Метју Пери бил пушач кој со години се борел со зависност од алкохол и опијати, но тврдел дека е добар непосредно пред неговата ненадејна смрт со давење.

Според британскиот весник, официјалната причина за смртта се уште не е објавена.