ВИдео кое ја прикажува нераскинливата и моќна врска помеѓу мајката и детето допре многу корисници на Интернет.

Во виралното видео, новороденчето старо само неколку часа се потпира на градите на мајка си, а потоа ја крева главата за да ја погледне мајка си. Краткиот клип собра милиони прегледи и бројни коментари.

Иако сцената е трогателна и емотивна, новороденчињата не можат сами да ја држат главата нагоре. Ако тоа се случи, постои сомневање за хипертонус, кој може да влијае на мускулатурата на целото тело. Бебињата кои страдаат од хипертонија често се опишуваат како невообичаено цврсти, но од друга страна, тие може да имаат проблеми со одржување на рамнотежа, што доведува до чести паѓања.

Во вакви ситуации се препорачува консултација со физијатар, кој ќе ја процени состојбата на детето и по потреба ќе предложи терапија и ќе покаже вежби за решавање на овој тип на дистоничен синдром.