На социјалните мрежи се појави интересно видео кое брзо стана вирално. Снимката доаѓа од веста на Си-Ен-Ен во која се прикажани жртвите по бомбардирањето од страна на израелските сили. Во една секвенца се гледаат и вреќи за тела кои наводно ги подготвил за транспорт еден од Палестинците во Појасот Газа.

Но, веќе во следниот момент, како што може да се види на видеото, главата од телото во внатрешноста на вреќата почнува да се движи, на што надлежните не реагираат. До телото е жена во црно, но од самото видео не е јасно дали во вреќата има некој од нејзините роднини.

Видеото го сподели Државата Израел на својот официјален канал на Твитер со коментар:

„Потсетување. Министерство за здравство Газа = Хамас. Труповите не ја мрдаат главата“.