Мајка (69) и син (41) се пронајдени мртви во неделата во стан во берлинскиот кварт Трептов-Кепеник.

– Двете тела се со прострелни рани, соопшти во понеделникот полицијата.

Полицијата ја објави шокантната позадина на двата смртни случаи. Имено, истражителите претпоставуваат дека прво се случило убиство, а веднаш потоа и самоубиство. Сепак, се уште не е соопштено кој го извршил убиството и самоубиството.

Загрижените пријатели на семејството ги известиле службите за итна помош во неделата попладне. Кога полицијата пристигнала во станот ги пронашла мртвите тела на мајката и синот.

Полицијата се уште не објави детали за семејната драма.