Вечерва во салата на МТС беше организиран концертот на Калиопи, а непосредно пред почетокот на концертот на една жена од публиката и се слоши и за жал почина, а како што дознаваат српските медиуми, пејачката решила да го откаже концертот.

Госпоѓата која на концертот пристигнала со пријателки и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

Несреќната жена која има околу 70 години била реанимирана на лице место, но безуспешно.

Калиопи е очајна и во солзи, бидејќи наводно ја познава жената, а салата е целосно евакуирана, дознава „Блиц“.

Жената, инаку, дошла од Северна Македонија со група обожаватели на пејачката.