Во сообраќајна несреќа на патот Никшиќ – Подгорица, во Богетиќи, денеска во 11.05 часот загина Мирко З.(37) од Никшиќ.

Во несреќата е повреден државјанин на Босна и Херцеговина, О.М.(31) од Билеќа. Како што изјави за „Вијести“ директорката на Општата болница во Никшиќ, д-р Душанка Милатовиќ Перовиќ, тој има отворена скршеница на раката и неговата состојба моментално е стабилна.

– Се прават дополнителни тестови и снимање за да се утврди дали има уште повреди, изјави Милатовиќ Перовиќ.

Сообраќајот на таа делница од патот беше отворен по неколкучасовен прекин.

Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа претходно денеска соопшти дека повредениот во несреќата е „во прилично лоша состојба“. Се судриле две возила со странски регистарски таблички, шлепер и комбе, а на терен се полицијата, пожарникарите и спасувачите од Никшиќ и итната помош.

Несреќата се случила на десетина метри од местото каде пред три години се превртел автобус, при што загинале двајца патници, а 26 биле повредени.