МВР во денешниот билтен соопшти дека скопјанец најверојатно починал од струен удар додека местел клилма уред во стан во Скопје.
– Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во стан од зграда сопственост на С.И.(36) додека местел клима уред, најверојатно од струен удар починал Љ.Б.(58) од Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено во судска медицина за обдукција.