Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот, објави 24инфо.

Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила.

Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот и се пренасочува по стариот пат.