Бубо Каров, познат како Цацко моментално ги живее пензионерските денови, откако во февруари годинава се пензионираше.

На социјалните мрежи се појавија фотографии, на кои популарниот Цацко посетува познат фризерски салон, кој се погрижи за неговиот имиџ, малку поразличен од она што сме навикнати да го гледаме.

Љупчо Бубо Каров се прослави со ликот Цацко Конопишки од хумористичната емисија „К-15“, а претходно беше музичар во групата „Токму така“, популарна во доцните 80-ти.