Новинарите денеска реагираа на несоодветното однесување на ремиерот Димитар Ковачевски на заедничката пре-коференција со минсистерот за економија Крешник Бектеши.

Додека Бектеши одговараше на новинарските прашања околу изворите со кои Македонија ќе се снабдува Македонија со гас по поскапувањето на рускиот гас, Ковачевски не престана да се смее зад неговиот грб.

Потоа со потсмев праша: Дали уште некој има прашање за гас или немате толку знаење?

Новинар му порача: Премиере, треба да бидете малку покоректни и посериозни затоа што статистиките за слобода на говор се влошуваат!