Џовани Квинтела Безера (32), анестезиолог од Бразил, е обвинет дека силувал трудници при породување на операционата маса. Безера е уапсен во јули оваа година, а е обвинет за малтретирање на неколку трудници во текот на 2022 година. Сега се објавени и видеата од силувањето.

На видеото кое се прошири на социјалните мрежи, Безера наводно се гледа како стои покрај главата на родилката додека таа е под анестезија и ѝ го турка неговиот полов орган во устата.

Наводно, камерата била поставена превентивно во операционата сала. Имено, медицинските сестри се посомневале дека 32-годишниот анестезиолог малтретирал две трудници при царски рез, пишува Дејли Мејл.

Во страв дека тоа може да се повтори, сестрите поставиле камера и го снимиле настанот, по што веднаш ја алармирале полицијата.

Додека полицијата истражувала дали првите две пациенти биле силувани, се јавиле уште три жени и објасниле дека го имале истото искуство.

Д-р Безера е уапсен на 10 јули во Рио де Жанеиро и веднаш приведен.

Инаку, анестезиологот на обвинителството веќе му е познат како лекар кој случајот со свински грип погрешно го дијагностицирал како уринарна инфекција, по што пациентот завршил 23 дена во кома.

Пациентката на крајот отишла кај четвртиот лекар кој ѝ дијагностицирал тешка пневмонија и открила дека нејзините бели дробови работат само со капацитет од 25 проценти, по што била префрлена во вештачка кома. Додека ја успивале, го изгубила палецот на ногата, мускулите ѝ атрофирале и останала без поголемиот дел од косата.