Тешка несреќа се случила на игралиште во Александрополис кога 14-годишно девојче било повредено во пределот на главата.

Малолетничката била повредена при вртење на кружна вртелешка, по што облеана во крв била пренесена во болницата во Александрополис, со цел итна операција, пренесува e-evros.gr.

Несреќата се случила вечерта во вторникот на 7 ноември околу 20 часот и 15 минути кога 14-годишното девојче се вртело на центрифугата и косата и се заглавила во вртилото.

Резултатот бил вистински хорор, и се откинал дел од кожата над очите, до врвот на главата.