По наредба на европското обвинителство, полицијата рано утринава започна акција за апсење на голем број лица осомничени за злоупотреби во аферата на Геодетскиот факултет во Загреб.

Како што неофицијално дознаваат медиумите, уапсени се поранешниот декан Алмин Џапо и професорот Бошко Прибичевиќ. Во акцијата се опфатени дури 29 лица и едно правно лице. Се вели дека штетата е и до два милиони евра.

Воглавно се работи за договарање на десетици набавки, од кои парите влегле во џебовите на луѓето од факултетот, како и голем број фалсификувани патни налози. Вклучено е и купувањето на контроверзната јахта финансирана од фондовите на ЕУ.