Фудбалскиот клуб Вараждин утрово соопшти дека на нивниот тренер Марио Ковачевиќ (48) му е дијагностициран рак, а по дополнителните прегледи ќе биде договорен понатамошен медицински третман.
– На тренерот Марио Ковачевиќ му беше дијагностициран рак на белите дробови. Договорен е понатамошен медицински третман. Болеста не го спречува тренерот секојдневно да го води тимот, а ќе продолжи да го води првиот тим и во остатокот од сезоната, се вели во соопштението на НК Вараждин.