Милица Павловиќ која се подготвува за својот прв солистички концерт во Штарк Арена во Белград, кој го закажа за 23 декември и кој публиката со нетрпение го очекува.
И додека напорно работи на подготовките за големиот концерт, Милица не паузира и настапува низ цела Србија, а видеото од настапот во Германија стана вирално и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Пејачката ги изведе своите најголеми хитови, пееше како што само таа умее, а на себе имаше само штикли и тесен жолт фустан кој максимално и ги стегаше градите, кои буквално излегуваа, што на корисниците на социјалните мрежи секако им падна во око..
Додека многу фанови ја пофалија и велеа дека изгледа совршено, имаше и такви на кои ова издание не им се допадна.
„Луѓе мои, што е ова?“, „Милице, што правиш со градите?“, „Да не го облече фустанот наопаку?“, „Фустанот и е премал“ – беа само дел од коментарите.
No comment… pic.twitter.com/KQO1hCxcim
— emotivnoluda (@emotivnoluda4) November 9, 2023