Возач на комбе загина рано утрово во тешка сообраќајна несреќа во Винковци во која со својот автомобил учествувал и министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој во таа незгода е повреден, извести Министерството за одбрана на Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Несреќата се случила на државниот пат ДЦ-55 на излезот од Винковци кон Жупања, а во неа учествувале министерот за одбрана Марио Баножиќ со лично возило и возачот на комбе.

Во сообраќајна несреќа загина возачот на комбето. На министерот за одбрана му била пружена помош во Жупаниската општа болница Винковци.

Во тек е истрага која ја води заменикот на жупаниското државно правобранителство во Вуковар. Од полицијата во Винковац потврдија дека дошло до несреќа, но повеќе информации ќе дадат дури по завршување на истрагата.