Браќата Хофман кои беа уапсени вчера во филмска акција на српската полиција, често во јавноста беа видени со луѓе познати на јавноста и на полицијата.

Покрај Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска и покојниот припадник на Сурчинскиот клан Зоран Шијан, Никола Буха, внукот на Љубиша Буха наречен Чума, синот на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ – Аркан, Вељко, но и Никола Вавиќ и покојниот Лука Перенчевиќ/

На фотографиите од социјалните мрежи браќата се прегрнати со своите пријатели, најчесто на прослави и семејни собири на кои може да се види колку навистина се блиски.

– Се шпекулираше и дека Мирко Шијан бил уапсен со нив во петокот, но тој ги демантираше овие наводи, а не сакаше да го коментира апсењето на неговите пријатели – вели изворот и додава:

– Никола Вавиќ инаку и стана познат на јавноста по конфликтот со наводната жртва на кланот Вељко Беливук, Лазар Вукиќевиќ и како член на навивачката група на Партизан, Алкатраз. Тој е осуден за дрога и оружје.

MIRKO ŠIJAN, LJUBAN HOFMAN, NIKOLA BUHA I MILJAN HOFMAN

Според истиот извор, Хофманови биле блиски и со Перенчевиќ, најверојатно преку Мирко Шијан.

HOFMAN, VELJKO RAŽNATOVIĆ, ŠIJAN, NIKOLA VAVIĆ

-Има и нивна заедничка фотографија, а Перенчевиќ беше убиен лани во мај во Бањица во близина на зградата каде што живеел и пораснал, кога бил застрелан од убиец маскиран како доставувач – потсетува изворот.

PERENČEVIĆ, ŠIJAN, HOFMAN I BUHA