Анел Беќировиќ (1989) денеска со пиштол ја убил поранешната сопруга Е. М. (1992) на улицата Босанска во населбата Алипашино поле во Сараево. Имале четиригодишно малолетно дете, но како што дознава порталот „Аваз“, сега покојната Е.Н. го оставила убиецот и имала нов партнер.

Откако ја убил сопругата, со себе во станот го однел и синот, поради што по неговото лоцирање продолжиле преговорите со полицијата за да се спаси детето. На крајот бил уапсен од припадници на Специјалната единица на МУП на КС.

-Полициски службеници во станот на улицата Босанска го пронашле безживотното тело на Е.М.(1992). Лекарот на Заводот за итна медицинска помош констатирал смрт во 15.00 часот. Утврдено е дека смртта настапила со насилни средства. Поради основи на сомнение дека во 20 часот и 10 минути на улица „Алеја Липа“ на подрачјето на општина Ново Сараево сторил кривично дело Убиство, лишен од слобода е А.Б. (1989), известија од полицијата, јавуваат тамошните медиуми.

Под надзор на обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантон Сараево, полициските службеници од полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност со цел документирање на ова кривично дело акт – соопшти претходно МВР на КС.