Еден фустан, многу критики затоа што многумина сметаат дека ова модно издание е сосема несоодветно за свадба, особено кога одите на свадба на вашата пријателка. На Редит настана дискусија, а корисникот на оваа мрежа кој ја објави контроверзната фотографија тврди дека со овој стајлинг е прекршено важното правило „не ја засенувај невестата“.

Дали мислите дека овој фустан е несоодветен? Имајќи ги предвид модните изданија на свадбени веселби, овој вид на стајлинг не се разликува многу, нели? Но, на Редит го велат следново: „Згодни гости на свадбата, но таа го украде целото внимание со проѕирен фустан“.

Некои дури донекаде ја бранат жената на сликата: “Да имав тело како нејзиното, би се облекувала така секој ден. Но, имам чувство дека има некои несогласувања со невестата. Тој фустан е несоодветен за еднасвадба”, “Ако горниот дел не е проѕирен, би било добро за свадба. Тоа е симпатичен фустан, само не за овој настан.”