Полицијата во Требиње денеска уапсила дубровчанец кого го сомничи дека киднапирал девојка, дознава TrebinjeLive.info. По добиените информации од колегите од Дубровник на кои е пријавено киднапирањето, полицијата веднаш реагирала и многу брзо го пронашла киднаперот.

Како што се дознава, киднаперот престојувал во приватен стан во Требиње, каде што бил уапсен. Кај него била пронајдена и девојката. Порталот Требиње јавува дека дрога била пронајдена и кај жителот на Дубровник.

АТВ на Бања Лука објави видео од приведувањето на киднаперот од Дубровник, кој во долна облека бил донесен во полициската управа Требиње. Дубровнички Вјесник од портпаролката на полициската управа Требиње, Јована Цвијетиќ дознава дека станува збор за И.С. (24) од Дубровник. Во објектот каде што е уапсен, пронајдена е прашкаста материја која изгледа и мириса на хероин, како и сува растителна материја која личи на марихуана.

Засега нема сигурни информации како дубровчанецот дошол во Требиње со киднапираната девојка, ниту дали ја преминал државната граница или тоа го направил нелегално. Окружното јавно обвинителство Требиње допрва ќе го коментира овој настан. Кривичната истрага за уапсениот дубровчанец е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали за овој настан.

Снимката од приведувањето ја прикачи порталот АТВ.