Новиот случај на фемицид што се случи во населбата Алипашино Поље во Сараево ја згрози јавноста во Босна и Херцеговина. Системот очигледно повторно не успеа. Младата мајка Емира Маслан (1992) била убиена од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Анел Беќировиќ (1989).

Емира постојано објавувала статуси на својот Фејсбук профил за храбрите жени кои решаваат да почнат од почеток. Објавила и за тоа што значи да се биде добар човек, а сонувала и за мирен живот.

Од нејзините објави можеше да се насети дека минува низ тежок период. Потсетуваме, убиецот Беќировиќ седум пати бил пријавуван во полиција, а Емира била и во Сигурна.

Беќировиќ откако ја убил сопругата, со себе во станот го однел и синот, поради што преговорите со полицијата продолжиле по неговото лоцирање, за да се спаси детето. По драмата убиецот и се предал на полицијата и денеска бил сослушан.