Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството Анита Лаушевиќ.

За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“.

Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ на која работел во Аранѓеловац.

Лаушевиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил член на Југословенскиот драмски театар, каде играл улоги во голем број претстави. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Истата година игра значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директно емитување“.