На Копаоник вечерва паѓа снег, прв оваа есен, а снежната покривка достигна два сантиметри. Првиот снег е забележан и на Голија. Републичкиот хидрометеоролошки завод најави пад на температурата за време на викендот и дека е можно послаб снег да падне во ридско-планинските предели низ Србија.
Во Македонија пак Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.
Konačno se prvi put zabeleo #Kopaonik ove sezone 🤗❄️🌨️🤍 pic.twitter.com/7P5xBdzCsF
— infoKOP (@infokop) November 15, 2023