Сè повеќе луѓе се одлучуваат да купуваат онлајн, без разлика што можноста да бидат измамени е доста голема. За среќа, многумина од вас не останаа без нарачаниот производ и без пари, но тоа не е случај со Маријана Драговиќ од Чачак, која сега добро ќе размисли пред да нарача нешто преку Инстаграм.

– На една страна видов дека продаваат брендирани зимски чизми. Прашав колку чинат и дали го имаат мојот број, на што најљубезно ми одговорија нивните администратори. За тие 7.800 динари (околи 4.100 денари) не очекував баш да бидат оригинални чизми, но очекував барем добра и квалитетна копија. Со години нарачувам облека преку интернет и никогаш не сум била измамена и не сум помислила дека такво нешто може да ми се случи – ја започнува својата приказна Маријана за агенцијата РИНА.

Младата чачанка ги нарачала тие чизми кои и биле доставени недолго потоа. Кога курирската служба и го предала пакетот, таа уредно ја платила сметката од 8.400 динари со поштарина. Маријана го отворила пакетот на лице место и во најмала рака била шокирана.

– Внатре имаше некои чизми кои воопшто не ги нарачав. Помал број и различна боја, слаб квалитет. Како да се од картон и пластика, а не од превртена кожа, како што ми потврдија администраторите на таа страница претходнок. Веднаш им пишав на Инстаграм дека не сум го порачала тоа што сум го примила. Брзо и многу љубезно одговорија дека поради големиот број нарачки згрешиле на адресата и дека не ми го испратиле тоа што го сакам. Ме замолија да ги вратам тие чизми по курир и дека за два дена ќе ми го испратат мојот производ – изјави Маријана.

Чекала со денови додека страницата не работела

Со оглед на тоа што ѝ пристапиле најпријателски и давале конкретни упатства, таа не се ни посомневала дека некој може да биде таков измамник и направила како што и кажале. Го дочекала тој прв четврток кога требаше да стигнат нарачаните чизми, но залудно. Таа чекала уште неколку дена – и ништо. Кога им пратила порака, тие постојано ја одлагале и велеле дека производот ќе стигне, но ни од тоа ништо.

– Кога поминаа одреден број денови, сфатив дека сум измамена. Дека останав без чизми и без пари. Во еден момент објавија дека нивната страница на Инстаграм не е во најдобар ред, па се надевав дека кога ќе ја средат, ќе ги испратат чизмите, но тоа не се случи. Сфатив дека ме измамиле, бидејќи им верував на тие луѓе – истакнува Чачанка.

Своето горчливо искуство таа го сподели на социјалната мрежа Инстаграм и токму таму почна да се расплетува оваа измама. Ја контактирале преку десет девојки кои поминале низ истото како неа, па јасно било дека се работи за организирана група измамници.

На пораката дека се „провалени“, тие одговориле „Ајде, ајде, само напред“

– Колку што можевме да разбереме, станува збор за луѓе од околината на Белград. Истата приказна беше со сите девојки. Ќе прателе погрешни обувки, ќе барале да се врати пратката но да се платат парите, а подоцна нема ни пари ни чевли. Им испратив порака дека се „провалени“ и дека сите девојки се обединија за да ги расчистат работите. Ми одговорија „ајде, ајде, само напред“ и не блокираа. Токму поради овие измами постојано го менуваат името на страницата – додава Маријана.

На овој начин сакала да ги предупреди сите девојки да не завршуваат како неа, да не трошат пари и потоа да бидат измамени. Размислува сето ова да го пријави кај надлежните, не поради изгубените пари, туку поради предупредувањето до сите граѓани, бидејќи вакви измамници, за жал, има се повеќе и повеќе во дигиталниот свет.