Стадионот „Олимпико“ во Рим вечерва беше исполнет до последното место за мечот помеѓу Италија и Македонија (5-2), а на трибините освен вљубениците во фудбалот кои навиваа за двете репрезентации имаше и и голем број познати личности кои дојдоа само да бидат видени.

Меѓу нив беше и италијанската порно-ѕвезда, Паолина Саулино, која беше вистински хит за гледачите кои седеа околу неа, пред се поради аутфитот кој повеќе ги покажуваше отколку што ги криеше бујните облини. Станува збор за актерка во филмови за возрасни, кои работи и како манекенка и инфлуенсерка и за која италијанските медиуми пишуваа дека имала афера со Жоржињо, кој вечерва промаши пенал.

Саулино е од Наполи, поради што не зачудува објавата дека не го сака Рим, но тоа што е изненадувачки за нашата јавност е што во нејзината објава пишува дека е Македонка односно дека навива за нашата репрезентација. Згора на се, таа прогнозира дека Италија нема да се пласира на ЕП 2024, за што на „аѕурите“ им треба најмалку бод од понеделничкото гостување кај Украина, кое ќе се игра во германскиот град Леверкузен.