Се огласи таткото на Ана Беневидес, која почина минатиот петок во Бразил пред концертот на пејачката Тејлор Свифт. Најпрво се пишуваше дека трагедијата се случила за време на настапот, но музичката ѕвезда подоцна изјавила дека се се случило пред таа да стапне на сцената.
„Ја изгубив мојата единствена ќерка, среќна и интелигентна девојка. Следниот април требаше да дипломира психологија, штедеше пари за тоа. Немам зборови да ја изразам мојата болка. Таа го напушти домот за да го оствари својот сон и умре“, изјави таткото на девојчето за за бразилскиот медиум Folha de S. Paulo.
Тој бара да се истражат околностите под кои таа починала: „Сакам да утврдам дали навистина било забрането да се носи вода, дали имало невнимание при пружањето помош“.
Имаше тврдења дека Тејлор Свифт му рекла на обезбедувањето да ѝ дава вода на публиката на влезот на стадионот каде се одржува концертот, а се појавија и снимки на кои се гледа како пејачката фрла шишиња со вода по обожавателите. Таа постојано го прекинуваше настапот и бараше вода за насобраните фанови.
Како што пишува Folha de S. Paulo, Ана Беневидес се онесвестила, реанимација била извршена на стадионот и траела 40 минути, доживеала втор срцев удар на пат кон болница. Починала набргу откако била хоспитализирана, пишува Page six. Тој ден во Рио де Жанеиро беше 38 степени, но субјективното чувство беше како живата во термометарот да е над оваа бројка.