Тежок инцидент се случи на трибините на „Маракана“ во Рио пред самиот почеток на натпреварот од јужноамериканските квалификации меѓу Бразил и Аргентина. Имено, откако Бразилците ја исвиркаа аргентинската химна, настана хаос на трибините, каде несфатливо е како едни до други седеа фановите на двете селекции.
Аргентинците реагираа и иницираа инцидент, кој дојде по интервенцијата на полицијата и обезбедување. Полицајците удираа по непослушните аргентински навивачи, а фудбалерите дојдоа пред трибината да ги смируваат страстите.
Откако забележаа дека инцидентите не запираат, водени од капитенот Меси, „гаучосите“ се повлекоа во соблекувалната. Натпреварот сепак подоцна започна со половина час задоцнување.
Incidentes en la previa del clásico sudamericano. Momentos antes del inicio del partido hay disturbios en la tribuna y los jugadores de ambas selecciones intentan calmar los ánimos. Se demora el arranque de Brasil vs Argentina por las #Eliminatorias. pic.twitter.com/V8kSg4iYNj
— Televisión Pública (@TV_Publica) November 22, 2023