Кулен се повлекува од пазарот во Хрватска.
– Се повлекува трајниот сувомесен производ „Загорски квргави кулен“ од 500 грама, поради констатирана бактерија од родот салмонела – соопшти во среда Државниот инспекторат на Хрватска. Куленот го произведува Шкалец промет д.о.о, преработка на месо Дружиловец 116, а на пазарот го пласира Месница Грашо.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво на горенаведениот производ, се наведува во соопштението.
Производот е ЛОТ број 23012023, произведен е на 23.01.2023 година, со рок на употреба до 06.02.2024 година.