Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели доживеал тешка сообраќајна незгода во Бреша, при што го уништил целосно неговото возило, а потоа одбил да направи алкотест.

Балотели, за среќа, ја преживеал тешката сообраќајка, по што добил медицинска помош од лица од Итната помош која пристигнала на местото на несреќата.

Засега нема повеќе информации дали италијанскиот напаѓач има потешки повреди.