Маја Спасојевиќ (31) од Љиг во петокот ја загуби битката со злобната болест. Маја имаше две ќерки и сопруг. Да потсетиме, таа ја водеше најтешката, лавовска борба против злобната болест.
Во декември минатата година, младата мајка требало да отпатува во Грција во една од најпознатите клиники за лекување на онколошки заболувања. Откако ги анализирале снимките и резултатите, грчките лекари ја повикале да дојде на лекување. Семејството и пријателите се збогуваат со прерано починатата Маја:
„Ти си замина драга моја, сестро моја, си замина без збогум.. а требаше само да живееш и да уживаш со твоите девојки. Толку многу разговаравме, се радувавме на се што ќе ни дојде и дека ќе го оставиме сето ова позади, а ти си замина и ме остави баш така без поздрав, без прегратки.. Ти беше толку чиста и добра душа што нема човек што не те сакал, велат дека секој човек има свои доблести и маани, а ти ангеле мој немаше ниту една мана, само доблести и добрина.. твојот поглед зрачеше со добрина и љубов и можеби си тргнала на пат без враќање, но моето срце никогаш нема да те заборави. Почивај во мир, нека те чуваат ангелите додека повторно не се сретнеме“.
“Мојот прекрасен ангел. Кога ќе замине некој нам драг, не боли смртта, туку сè што следи. Боли празнината која никогаш нема да се пополни. Боли што не можеш да направиш нешто друго за него. Солзите болат. Болат сеќавањата. Боли тишината… Боли тоа што знаеме дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно, дека нема да го видиме и дека нема да контактира со нас. Љубов моја, драга моја, почивај во мир, го сподели последниот поздрав еден нејзин роднина.