На соијалните мрежи од ноќеска се шири објава на Македонка Жежовска, која апелира на помош откако е исчезнат нејзиниот татко Панче.

– Исчезнат е татко ми Панче Жежовски, доколку некој има било каква информација ве молам да ме контактирате на 078 446 222, 078 324 291, напиша таа на социјалната мрежа Фејсбук, каде објави и фотографија од нејзиниот исчезнат татко.

Засега не се познати повеќе информации за исчезнатиот човек, во што бил облечен, каква била неговата психо-физичка состојба, дали и претходно се случило вака да исчезне, освен еден штур коментар кој гласи „скоро три дена“, што алудира на тоа дека исчезнатиот Панче го нема веќе три дена, но оваа информација засега е неофицијално.

Isceznat e tatko mi Pance Zezovski , dokolku nekoj ima bilo kakva informacija ve molam da me kontaktirate 078 446 222, 078 324 291

Posted by Makedonka Zezovska on Friday, November 24, 2023