Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој беше осуден во 2020 година за убиство на Џорџ Флојд, беше нападнат во петокот во федерален затвор во Аризона, јавува Си-Ен-Ен. Шовин е во „стабилна состојба“ по нападот во Федералната институција во Тусон, изјави извор на Си-Ен-Ен.
Запрашани за коментар за веста дека Шовин бил нападнат, канцелариите на ФБИ во Феникс и Минеаполис изјавиле за Си-Ен-Ен дека се запознаени со ситуацијата во затворот, но не го идентификувале лицето кое било нападнато, а Си-Ен-Ен ја упатиле до Бирото за затвори за повеќе информации.
Адвокатот на Шовин, Грег Ериксон, изјави за Си-Ен-Ен дека работи на добивање потврда за инцидентот.
Бирото за затвори подоцна објави дека „затворен поединец бил нападнат во затворот во округот Тусон околу 12:30 часот, а два извори потврдиле за Си-Ен-Ен дека тоа е Шовин.
„Вработените примениле мерки за спасување на едно лице, кое е пренесено во болница. Во инцидентот нашите вработени не се повредени“, се вели во соопштението на Бирото.