На луѓето во Кина им е кажано да носат маски, да држат дистанца и да останат дома ако не им е добро добро, бидејќи има услови на појава на мистериозна респираторна болест, предупредија началниците на глобалното здравство.Случаи на „недијагностицирана пневмонија“ се откриени во болниците во Пекинг и во Лиаонинг, провинција на околу 800 километри североисточно од главниот град.
Здравствените установи се „претрупани со болни деца“, а наставата е на работ да биде прекината, според извештаите на локалните вести. Заразените деца имаат пневмонија и висока температура, но не и кашлица или други симптоми кои укажуваат на грип, РСВ или друга респираторна болест. Ситуацијата поттикна предупредување од ProMed – системот за надзор на болеста што на сличен начин алармираше за мистериозна инфекција во Вухан во последните денови од 2019 година, која подоцна ќе стане глобална пандемија на Ковид.
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика жителите да носат маски за лице, да се држат подалеку од болни луѓе и да останат дома доколку не се добро. Исто така, ја повика Кина да сподели „детални информации“ за избувнувањето. Кинеските власти првпат го пријавија порастот на респираторните заболувања на прес-конференција на 13 ноември, што тие го припишуваат на укинувањето на ограничувањата за карантин.
Слични обрасци се забележани ширум светот, бидејќи преземените мерки за намалување на ширењето на Ковид – како маски за лице, социјално дистанцирање и заклучување – исто така спречија ширење на типични сезонски вируси како што се грипот и РСВ. Како резултат на тоа, имунитетот против овие вируси се намали меѓу популациите, што значи дека луѓето беа поподложни на инфекција со укинување на мерките.
„Недијагностицирана“ пневмонија кај деца
Официјалните лица првично ја обвинија микоплазма пневмонија – бактеријата која предизвикува инфекции на белите дробови – како и респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и Ковид за скокот на болеста. Потоа оваа недела ПроМед објави кластери на недијагностицирана пневмонија кај деца.
– Овој извештај сугерира раширена епидемија на недијагностицирани респираторни заболувања… Воопшто не е јасно кога започнала оваа епидемија, бидејќи е невообичаено што толку брзо биле зафатени толку многу деца. Во извештајот не се наведува дека било засегнато ниту едно возрасно лице, што укажува на одредена изложеност во училиштата. ПроМед чека попрецизни информации за етиологијата и опсегот на оваа болест во Кина, се наведува во соопштеното.
Не е јасно дали овие случаи се поврзани со севкупното зголемување на респираторните инфекции кои веќе ги пријавиле кинеските власти или дали тие се одвоени и потенцијално предизвикани од новиот вирус.
„Не откривме нови болести“
СЗО соопшти дека ја повикала Кина да сподели податоци за овие пациенти, неодамнешните трендови во циркулацијата на вирусот и притисоците врз болниците. Здравствената агенција на ОН соопшти дека е во контакт и со медицинските лица и научниците во обид да ја разбере ситуацијата. Во одговорот што здравствената агенција го доби од Пекинг, кинеските власти тврдеа дека не откриле необични или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања.
Во меѓувреме, луѓето во Кина се повикани да ги следат мерките за намалување на ризикот од респираторни заболувања.
– Ова ја вклучува препорачаната вакцинација; држење на растојание од болни луѓе; останување дома во случај на болест; тестирање и медицинска нега по потреба; носење маски по потреба; обезбедување добра вентилација и редовно миење на рацете – соопшти СЗО. Изворот за предупредувањето на „ПроМед“ е извештај на тајванскиот „ФТВ њуз“, кој додава дека „родителите стравуваат дека властите ја прикриваат епидемијата“.
Кина претходно беше критикувана за минимизирање на првичната појава на САРС во 2003 година и пандемијата на Ковид кон крајот на 2019 година. И двата случаи забележаа појава на нови вируси кои предизвикаа пневмонија.
СЗО Кина, регионалниот дел на здравственото тело поддржано од Обединетите нации, веќе се обиде да го минимизира поширокото барање на СЗО за информации, нарекувајќи го „рутинска“ процедура.
Британските експерти за заразни болести рекоа дека додека податоците сè уште се појавуваат, Кина треба да се справи со епидемијата на „транспарентен“ начин.
Медиумите објавија снимки од преполни болници
СЗО соопшти дека е во контакт со лекарите и научниците преку постојните технички партнерства и мрежи во Кина. Изминативе денови, медиумите во градовите како Сјан на северозапад објавија видеа од болници полни со родители и деца кои чекаат прегледи. Некои корисници на социјалните мрежи објавија фотографии од деца кои прават домашна задача додека примаат интравенски третмани во болницата.
🇨🇳#China Ongoing #flu season particularly impacting children, with multiple viruses circulating. High incidence of respiratory pbs. In a local #hospital #Beijing, over700 patients wait in line, estimated waiting time more than 13 hours to see a doctor. @WHO issuing a warning ⚠️ pic.twitter.com/yrOdPlhr7Q
— FranceTVChine (@francetvchine) November 23, 2023