Евакуација повторно се случува во трговскиот мол Ист Гејт, дознава Курир.
Според нашите информации, сите вработени се евакуирани од споредните влезови на трговскиот центар, а исто така внатре нема ниту купувачи. Курир неофицијално дознава дека причина за евакуацијата во Ист Гејт е запален автомобил во подземната гаража.
Според нашите извори, евакуацијата почнала предмалку откако трговскиот бил испразнет, а вработените биле евакуирани од споредниот влез на молот.
При гаснење на пожарот интервенирала и против пожарната бригада. Курир побара официјална информација и од МВР, но случајот се уште се испитува.