Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран, од него се изнесени сите вработени и купувачи. Засега не е позната причината, а оние кои дошле со автомобил, не можат да ги извадат од подземните гаражи. Неофицијално, чад излегувало од едно од паркираните возила, но не се знае дали било запалено.

„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, велат кусо од „Ист гејт“

„Скопје1“ контактираше со МВР од каде велат дека проверуваат за што станува збор. Одговори побаравме и од ПР службата на „Ист гејт“, кои не дадоа детали дали станува збор за запалено возило.

Повеќе информации, наскоро.