Во понеделник утрото ќе биде претежно ведро и многу студено, а ќе се задржи студено и преку денот до средината на следната седмица. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.

Прогноза за 27.11.2023 Минимална температура: -13°C до -4°C Максимална температура: -1°C до 8°C – Сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец кој од попладне ќе биде јужен.

Прогноза за 28.11.2023 Минимална температура: -7°C до 2°C Максимална температура: 2°C до 7°C – Облачно со врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 29.11.2023 Минимална температура: -4°C до 3°C Максимална температура: 2°C до 8°C – Променливо облачно, во западните и северните делов од земјата со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен до северен правец.