Пожарникарите-спасувачи во Србија ноќеска евакуираа граѓани од завеан автобус на патот Врање – Крива Феја, кај градот Соколовац.
– Во акција која траеше цела ноќ, нашите колеги спасија 24 лица од заглавен автобус – стои во објавата на МВР на Србија на профилот на Инстаграм.
– Имавме евакуација на луѓе во Ивањица во градот Добри До, исто така, заедно со мештаните, нашите припадници на противпожарно-спасувачките единици безбедно евакуираа две лица. После тоа бевме на планината Тара, таму имавме гости од хотелот Оморика кои беа заглавени на патот Мокра Гора-Тара, таму интервениравме и безбедно ги превезовме до хотелот. После тоа, вечерта повторно го имавме Нови Пазар, пет лица заробени во три возила, сите се ослободени, сите се добро. А потоа, нешто после полноќ, на патот Врање – Крива Феја. Дваесет и четири лица беа безбедно евакуирани од автобус и сите се добро. Нашите момчиња, десет пожарникари со четири возила и две моторни санки цела ноќ го евакуираа тој автобус – изјави Радосављевиќ во гостувањето на ТВ Прва.