Младоженец пукал во својата невеста и роднини на свадба во Тајланд, а потоа се самоубил. Меѓу петте лица кои ги убил се мајката на невестата, помладата сестра и двајца пријатели. Пукањето се случило во провинцијата Након Рачасима, во куќата каде била подготвувана свадбата, пишуваат тамошните медиуми.
Се смета дека младоженецот по име Чатуронг Суксук бил љубоморен на невестата Канчана Пачунтуек (44) која била 15 години постара од него и ја барале многу мажи, а тој бил воен инвалид.
Тие живееле три години пред да решат да се земат. Суксук е поранешен воен ренџер, но нозете му биле непособни за извршување на домашните работи. За време на свадбата тој бил расположен, но потоа се скарал со невестата. Излегол од трпезаријата за да земе пиштол од магацинот во неговиот автомобил, а потоа се вратил и прво пукал во невестата, а потоа во останатите.
Korat: Groom goes on shooting spree at wedding, killing 5 including bride before pulling trigger on himselfhttps://t.co/2ISq8592rT pic.twitter.com/BcxEExkxkF
— Bangkok Lad (@bangkoklad) November 26, 2023