Бојан Петровиќ (36) од Србија пред неколку дена трагично го загуби животот во Америка, кога експлодирал камионот што го управувал. Бојан загинал во утринските часови на 24 ноември, кога друго возило удрило во приколката од неговиот камион, при што камионот се превртел и експлодирал.
Според портпаролот на полицијата, 39 годишна жена која управувала со Нисан Алтима, од непозната причина го закачила задниот десен дел од приколката на Бојан. Камионот излетал и удрил во бетонски насип, по што се превртел на покривот и се запалил.
Истрагата за целиот случај е во тек, а семејството на загинатиот Бојан сега се обидува да собере пари за да го вратат неговото тело во Србија и да го погребаат. Според пријателите на Бојан, тој бил добар и чесен млад човек.
– Зад себе во Србија остави неутешни родители и сестра со мало дете, кое го израсна со негова финансиска помош. Сега се соочуваат со големи трошоци, а сите луѓе со добра волја ги повикуваме да ја олеснат тешката ситуација во која се нашле – се наведува на страната GoFundMe каде се собираат пари за помош на семејството Петровиќ.