И додека Македонија е на нозе по исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска по која се трага веќе петти ден, сличен случај со исчезнување на две девојчиња на идентична возраст е забележан во Грција. Како што вечерва јавуваат грчките медиуми, потрагата по двете девојчиња по кои се трагаше од вчера има среќен крај и двете се пронајдени. Се надеваме дека ваква убава вест наскоро ќе добиеме и за нашата Вања.

Две тинејџерки Елефтерија С.(13) и Катерини П.(14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација. Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетничките бидејќи постоеле причини поради кои се смета дека нивните животи се во опасност.

– Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Аикатерини во Калитеа, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември. Двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба, соопштија од „Насмевката на детето“. Воедно, како што нагласуваат од Организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се друго што е потребно.

Двете девојчиња се најдени на подрачјето на општина Агиос Димитриос и се во добра здравствена состојба.