64 годишен жител на селото Бразда е главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска. Според извори на Пресс24 ова е лицето кое во моментов единствено се товари за делото убиство додека останатите четворица осомничени се товарат за други полесни кривични дела поврзани со грабнувањето и убиството на девојчето.

Меѓу останатите четворица осомничени има и една жена. Според последните информации од обвинителството мотивот е користољубие а неофицијално член на семејството на убиеното девојче бил во должничко/доверителски односи со лицето за кое постојат сомневања дека го нарачало убиството а кое до овој момент не е приведено од полицијата.

Според непотврдени информации се работи за лице кое и е познато на македонската јавност.