Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие убиство ја шокираше и ја ужасна нацијата, е приведен вечерва во полициска станица, неофицијално дознава МКД.мк од свои извори.

Според нашите сознанија, и тој е вмешан во киднапирањето на девојчето, кое подоцна беше најдено убиено.

За утре во 9.30 часот Основното јавно обвинителство Скопје и МВР закажаа заедничка прес-конференција, на која треба да соопштат повеќе официјални детали.