Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврди рано утрово за МКД.мк директорот на затворот, Филип Андов.

– Мерката која им е изречена е притвор од 48-часа. Како што дознаваме, станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски. За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата, објави МКД.мк.

Скопјанецот Љупчо Палевски Палчо неофицијално е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и тој е надвор од државата. Неофоцијално се наоѓа во Турција.