Главниот организатор и извршител на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски е во бегство, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешата прес конференција.
– Главниот организатор и извршител кој со пиштол на 27 ноември според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага после првата пријава, можам да ветам дека ќе сторам се и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро на овој монструм на кој му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата, кажа Спасовски.
Како биле поврзани двете убиства и што се правело пет дена, беше прашан министерот Спасовски.
-Вања во влезот е грабната. Врани ѝ биле рацете и нозете и во гепек е ставена во автомобилот. Потоа цело врме заедно се движеле двете коли, вели Спасовски и додаде:
-Од првиот момент и за исчезнатото лице во Велес беа преземени сите мерки. На почетокот немаше корелација на двата случаи. На 27-ми кога се пријавува исчезнување на девојчето имаше две пријави, едната е утрото од мајката, а втората е подоцна од таткото. Но, потрагата почнува уште по првата пријава. Паралелно се водеше истрагата и тука и Велес. Преземени се низа мерки, видео надзори, мета податоци и сѐ што е потребно.Ние колата на сејф сити ја најдовме на 27ми низ Скопје. Кога се утврдува дека и „цитроен“ и „рено кангу“ се движат заедно и тука доаѓа до спојување. Веројатно таа кола тие денови не се движела, ја нема на камера. Детето е грабнато во зградата, по претходно добиена информација дека излегува само. Не е точно дека заради самитот на ОБСЕ не се постапувало, тоа е апсолутна лага, рече Спасовски.