– Креаторот, планерот, главниот координаторот и директен извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода. Тоа беше последната алка од овој грозоморем чин, изјави министерот Оливер Спасовски на вечерашната вонредна прес-конференција, кој додаде дека Љ.П. е уапсен додека се движел пешки.

Спасовски изрази посебна благодарност до колегите, како што рече, од пријателска Турција, но и колегите од Бугарија, Србија и Хрватска.