Тажна вест сподели Македонската православна црква во Лондон. Денес во раните утрински часови по долго и тешко боледување, почина Стефан Таушанов, момчето за кое се сплоти цела Македонија.
Оваа тажна вест ја соопшти Македонската православна црква во Лондон, каде велат дека Стефан починал во Addenbrook’s Hospital, Cambridge.
– Денес во раните утрински часови по долго и тешко боледување, во Господа се упокои чедото Божјо Stefan Taushanov. Стефан почина во Addenbrook’s Hospital, Cambridge опкружен и опсипан со љубов од потесното семејство и молитвен Канон за исход на душата. Неговото семејство а особено Стефан беше верно чедо на нашата света Парохија, под закрила на св Архангел Михаил и со својата смиреност и чиста вера не научи сите како се поднесува секое искушение што ќе Го допушти Господ заради нашето спасение. Почивај во мир драг пријателе и нека ти е вечен споменот. ✝️ Сочувство до семејството. Со почит Црковен Одбор при св Архангел Михаил и сите свети Ангели, Лондон Велика Британија, стои во објавата.