Вечерва на некој портал прочитав дека зградата каде живееле мајката и Вања на ул.Н.Н.Борче всушност била првата зграда која ја изградил Љ.Палевски [со прекари Палчо и Упа] преку неговата фирма ,,#Упа #ентерпрајз”. Тоа би било периодот некаде од 1998 до 2000, Пишува новинарката Јорданја Ивановска – Јоци на социјалните мрежи.

– Овој ФАКТ го менува текот на целата прикаска која денес ја чувме во официјална верзија и треба медиумите и секако органите да го истражат мотивот за убиството – дали е подлабок и датира од пред децении. Од кого е купен станот, кога и кој бил првиот сопственик, дали таткото на мајката т.е дедото на Вања, за кој се вели е починат? Дополнително, кога е починат и дали брзо се правела оставинска? Кои сé се наследници. Кој стан е сега продаден, за кој информираше МВР, дали истиот на Н.Н.Борче или друг? Дали мајката или друг член од фамилијата во минатото се познавале со Палевски, го купиле станот од него и имале некои нерасчистени сметки во 2023? Станува збор за стан кој е на многу атрактивна локација, спроти фонтана и Градски парк, пишува Јоци.

Во однос на снимката која синоќа ги преплави социјалните мрежи, Јоци вели дека потребно е МВР да објави цели снимки од почетокот, од моментот кога Вања излегува од домот.

– На јавноста не и` требаат кратки, монтирани, а матни снимки од ,,крајот на злоделата”, како што ноќва вирално се шират – преземени од еден портал. Како и од кого ги добил порталот, може да претпоставиме. Потребно е МВР да објави цели снимки од почетокот, од моментот кога Вања излегува од домот. Само така јавноста ќе добие вистинска слика дали МВР и О.Спасовски имаат или немаат вина, како и пропусти во двојно убиство. Да не заборавиме, пријавата за исчезнувањето на П.Жежовски со возилото е на 👉#24/11, а за Вања на 👉#27/11. Јавноста дозна дека двајцата се убиени дури на 👉 #3/12, дури по една недела, вели Јоци.

Таа додава дека станува збор за киднапирање од дом во кој живеела Вања, кој се наоѓа на 300 м., во ,,#прв_прстен_на_безбедност” каде се наоѓа и Владата на Македонија.

– Во денови кога сите безбедносни служби ја подигнаа готовноста за Самитот на ОБСЕ и пристигањето на ВИП политичари. Летаа хеликоптери, војска во авиони, дронови, што не. И место да видиме снимки од движењето на двете возила по улиците Илинденска, О.Николов, Партизанска, евентуално Ленинова, кои се покриени со супертехнологија, пред убијците да стасаат во Визбегово, гледаме по портали – селски ниви со кал и матни фигури. Па, немојте!, заклучува Јоци.