Ударите против Хамас продолжуваат, при што ИД изврши значителни напади против исламистичката група. Израелските сили објавија видео на кое се гледаат десетици палестински затвореници во Појасот Газа.
Заробените се гледаат како се клекнати на земја, голи само со долна облека и кренати раце зад главите. Според израелските медиуми, станува збор за мажи на Хамас и Исламски џихад, кои се предале излегувајќи од тунел. Но, има реакции и на социјалните мрежи кои тврдат дека се работи за обични граѓани.
Израелските вооружени сили, кои спроведуваат копнена операција против Хамас во северниот дел на Појасот Газа од 27 октомври, ги проширија своите операции низ целата енклава, додека продолжија со масовни воздушни бомбардирања.
Over a 100 terrorists have crawled out of the tunnels. pic.twitter.com/SjJTCuPZ4T
— Mossad Commentary (@MOSSADil) December 7, 2023
— Mossad Commentary (@MOSSADil) December 7, 2023