Со Светлана Николоска, професорка на Факултетот за безбедност, во „Клик Плус“ вечерва дебатиравме за последниот грозоморен чин кога Љупчо Палевски усмрти две лица, меѓу кои и 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Николоска вели дека киднапирањето на Вања со две возила било смислено, поради тоа што првото било повисоко и да го сокрие второто возило во кое се наоѓала девојката.
„Многу е важно да се утврди мотивот, но многу е важно да се утврди корелацијата на осомничените со извршителот. Според сегашните изјави, имале поврзаност. Вања е смислен избор на жртва, не е случаен. Лицето е претходно е пикирано, но треба да се утврди кој е мотивот. Од она што е презентирано во јавноста, од сите истражувања, од снимките, може да се види дека тука е возилото кое е сопственост на велешанецот, а човекот е пријавен за исчезнат, тоа возило е со возење донесено во Скопје, некој требало да има информации, кои улици не работи сејф-сити на целата Скопје. Едниот случај е во Велес, и за него под надлежност работи велешката полиција. Тој автомобил можеби одел и по стари патишта, но во Скопје во центарот е дојдено. Од центар е земено девојче… после киднапирањето на Вања веќе се две возила. Првото е повисоко возило од другото, и тоа е смислено. Тоа полицијата што треба да го прави, треба да се утврди според сите камери, дали има во самата зграда, дали има од околните објекти, и тука има камери во повеќе објекти, а дали е девојчето излезено од зградата, или делото е сторено во зградата. Дали во зградата е нешто преземено да се совлада девојчето. Не е тоа мало дете да го грабнеш и да бегаш, се работи за 175 сантиметри девојче, треба некој да употреби сила, дали е удрена, дали е ставено нешто за да се онесвести, на некој начин треба некој да ја спакува, па да ја изнесе од зградата“, изјави Николоска.
Таа кажа дека Вања е таргетирана жртва, и дека обдукцијата ќе го даде одговорот дали и како е убиена, и дали при нејзиното киднапирање е употребена сила, или некој спреј за да се онесвести.
„Вања е таргетирана жртва, но прашањето е што планирале со неа, и дали го сториле тоа што го планирале? Дали при киднапирањето е употребена сила, дали се нанесени повреди, каде се нанесени, дали се врзани рацете, дали е удирана по лицето, дали има модринки, скршеници. Клучното е тука и тоа ќе го даде обдукцијата. Тоа е траума и за семејството ако се запрепастувачки, како ќе го преболат тоа нејзината мајка и сестра. Тука се тие секундарни жртви“, вели Николоска.